Хартија: 20 х 14 см., 173 листа, без почетокот и без крајот. Ракописот бил реставриран во средината на XVII век кога се долепени и искинатите долни агли од листовите. На почетокот нема 50 листа.

Писмо: По 20 реда, полуустав со форми од XV век. Српската рецензија со еден ер ь, со акценти; во интерпункцијата има запирка. Насловите и заглавните букви - црвени. Иницијали се црвени со украсно топче на стеблото и со скромни извивки. Знаменца и колорирани иницијали нема.

Водени знаци: Од средината на XV век: „ножици“, „ножици“ од помал размер, „ножици“ со „Ѕ“ одозгора, „три рида“ со крст, сличен знак како Briquet бр. 11703 од 1468 год. и Задарскиот акт од 1450 год., „три рида“ со полумесечина и крст одозгора, „круг со петелка во средината“ и „ракавица“. На хартијата употребена за реставрација во XVII век: „сидро во круг со тролист одозгора“.

Орнаментика: Нема.

Повез: Од XIX век, картон со кожен ‛рбет и со ребра на ‛рбетот.

Содржина: Требник.

Потекло: N/A

Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје