Хартија: 29 х 20 см., 191 лист. Ракописот е цел.

Писмо: Во 2 колони по 28 реда - устав со полууставни елементи (се меша троного Т со уставно, полууставно ѣ со уставното). Српска рецензија од Рашката школа, без ъ; акцентот се јавува недоследно; во интерпункцијата има запирка. Насловите и заглавните букви се испишани со црвено мастило.

Водени знаци: Три типа од „Три рида“ на голем формат од 1420 година. Се среќава и сличен знак, но круг со стап.

Орнаментика: На л. 1 има правоаголно знаменце од геометриско-флорален стил, со палмети во средината и со украси на аглите, во кафено-жолта боја. Црвените иницијалите се од обичен тип.

Повез: Оригинална - штици со жлеб по рабовите во кфена кожа. Орнаментот на двете корици од ист тип - концентрични рамки со дијагонали и ромб во средниот правоаголник и со тркалезен медалјон во полето.

Содржина: Службен минеј за месец Септември со пролози.

Потекло: N/A

Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје