Хартија: 12 х 8,5 см., 68 листови. Недостасува почетокот и крајот. Ракописот е поделен на свески од кои фалат листови. Почнува со свеска с (4 листови), а завршува со свеска вi (9 листови). На л. 1 недостасува горната десна половина

Писмо: На 20 реда ситно и убаво полууставно писмо. Правописот е двоеров и јусов. Употребата на ъ и ь е механичка, а не фонетска. ъ се употребува во префикси, предлози и во средина на зборот на местото на ь. Се вокализира о (когда, тогда, начетокь). Слабиот ъ не се чува. ь се употребува исклучиво на крајот од зборот.

Водени знаци: Запазена е само една половина од „Сидро во круг со тролист“.

Орнаментика: Орнаментиката е изразена преку почетните големи црвени иницијални букви, украсени со гранчиња и цветчиња.

Повез: Нема.

Содржина: Пслатир

Потекло: Ракописот е најден во Кратово.

Локација: Манастир „Св. Јован Бигорски“