Хартија: 27,5 х 20 см.; 292 листа: л. 1-193 од првата половина на XV век, л. 194-292 од околу 1370 година. На почетокот од вториот дел, пред л. 194 изгубени се 4 листа; меѓу листовите 225 и 226 нема 2 листа (крајот од 29 свеска).

Писмо: Во вториот дел на книгата (XIV век) по 30 реда - некалиграфски устав со полууставни елементи. Српска рецензија од Рашката школа, без акценти, со еден ь; запирката се јавува многу ретко; широко Е, I пред вокали. Во првиот дел (XV век) писмо по 23 реда од 3 раце, од ист тип и правопис. Српска редакција, со влијание од Ресавската школа со консеквентна употреба на акценти, интерпункција со запирка, главно со еден ь. Првата рака, л. 1-5 со букви од правилна форма што го поддржуваат уставот; иницијали со извивки, црвеното мастило ја зачувало јаката боја. Втората рака, л. 5-76 - полуустав од заоблен тип, акценти со многу тенки потези, црвеното мастило е многу избледено. Третата рака л. 76‛-135 е од сличен тип, мастилото посветло со жолтеникав тон. Л. 136-193 - е исто така испишан од првата рака.

Водени знаци:

Орнаментика: Знаменца нема. Во ракописот од XIV век иницијалите се едноставни. Во ракописот од XV век иницијалите се од поголем размер со скромни извивки. Во вториот (стариот) дел од книгата се среќаваат две варијанти на „круша со два листа“
Во првиот дел се среќаваат: „ножици“ на мрежи, „три рида“ и „шестар“.

Повез: Од XV век. Штици со жлеб по рабовите во темнокафена кожа. Однапред рамка со ромб и дијагонали внатре и со крстови од палмети и розети во полиња. Одзади се наоѓаат ромб и дијагонали без рамка, во полињата има розети, палмети и орнаментални котелци.

Содржина: Пролог со стихови за летната половина на годината.

Потекло: N/A

Локација: Скопска Митрополија