Пергамент: Еден лист искинат од книга, кој бил употребен во корица за некоја друга книга, поради што пергаментот е оштетен на долниот надворешен агол и има засечени делови од двете страни. Димензии: 27,5 х 19,5 см.

Писмо: Во две колони по 30 реда, многу прецизен устав со мешање на постари и нови облици: јат со доста ниско стебло, ситни петелки кај јат, кај полугласовите, Ж од три потега, Ч со симетрична плитка виљушка, омега со валчест облик и висок среден потег (но и понов облик со полукружни страни и ниска средина), Р со аглеста петелка, В со ниска и проширена долна петелка, јотувано А со многу висока пречка. Македонска рецензија со правопис од Кратовската школа, кој е многу сличен со правописот од Копитаровиод триод во Љубљанската универзитетска библиотека бр. 9. Употребуван е само мал ер, двете носовки, кои се мешаат со полугласовите, а и се вокализираат. Од надредните знаци покрај титлата се јавува понекогаш точка над почетниот вокал и за омекнување и две точки.

Водени знаци: Нема

Орнаментика: Зачуван е иницијалот П од стар геометриски тип во народна варијанта типична за старите македонски ракописи со црвена боја во тесна бела контура, со коси зелени пруги. Инаку во насловите, почетната буква е црвена.

Повез: Нема.

Содржина: Одломка од Посен триод од стара македонска редакција - полн текст со паремии. Зачуваниот фрагмент содржи текст од службата на вечерна во понеделник, прва недела од постот.

Потекло: N/A

Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје