Хартија: 31 х 20 см.; III + 276 листови. Недостасува по л. 284 еден лист со крајот на текстот од патерикот. Трите празни листа на почетокот се оштетени на долниот надворешен агол.

Писмо: По 29 редови во првиот дел и при крајот. Од л. 183‛-200 и 206‛-249 по 28 редови. Убав полуустав со облици од XVI век. Српска рецензија со траги на ресавскиот правопис. Повеќе се употребува ъ на крајот на зборот и во префиксите, но недоследно. Другата рака е со полуустав од кос брзопис тип и главно се употребува само ъ. Редовно се употребуваат акценти, а запирка во интерпункцијата. Насловите и иницијалите се испшани со црвено мастило.

Водени знаци: „Сидро“ во круг од двоен потег, со ѕвезда одозгора и со иницијал В одоздола. „Сидро“ од истиот тип со контра марка Т-С. „Сидро“ од еден потег со контра марка I-C. „Сидро“ од еден потег со контра марка P-A. „Сидро“ од еден потег со контра марка V.

Орнаментика: На л. 1 има тесно знаменце во вид на плетеннка плетен украс одозгора во црвено-кафеаво-бев колорит. Иницијалите главно се црвени, едноставни со скромни извивки, а има и китнести на л. 225‛ (втора рака).

Повез: Штици со жлеб по рабовите во кафена кожа. Од двете страни има концентрични рамки од стар тип со орнаментални ленти и медалјони. Однапред, на горниот агол, зачуван е заштитниот метален украс од бакар.

Содржина: Патерик

Потекло: Манастир Св. Јован Бигорски