Хартија: ламинирана, 28 х 21,5 см., 1 лист. Крајот на листот околу ‛рбетот изгниен и отпаднат, така што всушност ширината на одломката е 17,5 см.

Писмо: По 27 реда, устав со полууставни елементи, со форми од крајот на XIV век и почетокот на XV век. Три форми на Т - обично, триножно и двоножно; три форми на ѡ - со полукружни бокови и со ниска средина, со висока средина и тесно со висока средина; три форми на Ж; ѣ со долга кука на левата страна; ч еднострано како бројот 4. Правопис од Рашката школа: едно ь, широко в (всмь соуетнаго), ї пред вокали. Акцентните знаци се чести, но не се систематски со примери на акут, гравис и кендема. Запирката е ретка. Насловите и заглавните букви се испишани со црвено мастило. Уметнички иницијали нема.

Водени знаци: Нема. Потката е доста , според типот од крајот на XIV и почетокот на XV век.

Орнаментика: Нема.

Повез: N/A

Содржина: Одломка од службата на Св. апостоли Петар и Павле, 29 јуни

Потекло: N/A

Локација: Архив на Македонија