Хартија: 12,5 х 14 см., еден оштетен лист во горниот дел од левата страна. Според тесниот "vergeure" ракописот не би можел да биде постар од последната четвртина на XIV век, а според палеографските и правописните критериуми би требало да биде од трета четвртина на XIV век.

Писмо: По 23 реда, ситен устав од средината на XIV век, без полууставни облици. Правописот е со широко Е и I пред вокалите, без акценти. Стара интерпункција без запирка. Српска рецензија

Водени знаци: Поради некоја стара реставрација околу листот е залепена друга хартија. Хартијата е толку извалкана што не може да се види трагата од водените знаци.

Орнаментика: Нема.

Повез: N/A

Содржина: Одломки од апокрифно слово од Раѓањето Христово.

Потекло: Одломката се наоѓа во ракописот ПослѢдованiе на преславныыи день Воскресенiѧ Господа нашегѡ Iисоуса Христа од 1839 година, кој и припаѓал на црквата Св Јован од Кратово. Може да се претпостави дека и ракописот со Апокрифот на Афродитијан потекнува од Кратовскиот крај.

Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје