Хартија: 15 х 11 см.; без почетокот и крајот, со повеќе изгубени листови во средината. На почетокот недостасуваат веројатно 42 листа (до 3 лист од VI свеска); по л. 1 нема 10 листа; по л. 7 нема 9 листа; по л. 8 нема 10 листа; по л. 10 веројатно недостасува 1 лист; по л. 13 нема 11 листа; по л. 26 веројатно нема 1 лист; по л. 29 веројатно поголем прекин; по л. 31 веројатно нема 2 листа. Основниот дел на ракописот т.е., листовите 9 - 15, 17 - 18 и 24-29 пишуван е во втората половина на XVI век, а останатиот дел т.е., 1 - 8, 16, 19 - 23 и 30 - 33 е надополнет во втората половина на XVII век при реставрација на ракописот.

Писмо: Во основниот дел по 14 - 15 реда, од две раце, полуустав од XVI - XVII век. Правописот е од Ресавската школа, со ъ на фонетско место во предлозите, префиксите и во коренот, а ь на крајот од зборот. Се употребува Ѕ, акцентите се ставани систематски; интерпункција со запирка. Во додадениот дел писмото е по 15 реда со полуустав од XVII век. Л. 30 - 33 се со ситен немарен устав по 16 - 18 реда. Насловите и заглавните букви се со црвено мастило. Има црвени иницијали со украсни извивки.

Водени знаци: Во основниот дел, на л. 9 - 15, 17 - 18 и 24 - 29 има „сидро во круг со ѕвезда одозгора“, без контра марка - тип од првата половина на XVI век. Во додадениот дел: „три полумесечини“ со контра марка „V-G“ на л. 1 - 8 и 30 - 33, „круна со ѕвезда и полумесечина“ на л. 21 - 22.

Орнаментика: Орнаментот на двете корици од ист тип - широка рамка со украси од палмети во централниот правоаголник.

Повез: Штици со жлеб по рабовите.

Содржина: Литургиски зборник.

Потекло: N/A

Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје