Пергамент: 23 х 16 см; 151 лист, без почетокот и крајот. На почетокот недостасуваат 4 листа - почетокот на I свеска; по л. 4 нема веројатно 1 лист; по л. 12 нема 6 листа; по л. 13 нема 3 листа; по л. 15 нема 1 лист; по л. 21 нема 2 листа; л. 37‛ останал празен; по л. 128 нема 8 листа; по последниот 151 лист останато е тесно парче со ситен фрагмент од текстот од последниот лист на оваа кватерна. Потоа недостасува крајот од Јовановото евангелие, веројатно 2 кватерни.

Писмо: По 24 реда на почетните листови, во продолжение главно по 27 реда. На првите 2 листа красен калиграфски устав од средината на XIV, понатаму поедноставен устав со полууставни елементи од три раце. Понекогаш се јавува А со долго стебло, Ж од тру потези, заглавни букви од заоблен тип, како што е на В со валчести петелки, што е типично за средината на XIV век. Во интерпункцијата се јавува запирка. Има знаци за акценти, но се јавуваат во ракописот пишуван од едниот пишувач. Инаку има спиритуси над почетниот вокал, понекогаш и кендемата на долгите слогови.
Рецензијата е очигледно македонска, од Кратовската школа. Се употребуваат двете носовки, главно правилно, често без типична замена на мало ѧ со голема носовка Ѫ после Ж, ЖД, Ш и ШТ, што би упатувало на многу стар оригинал. Обична е замената на малата носовка ѧ со големата Ѫ на јотувано место типично за Охридската школа, кон која би можел да припаѓа првобитниот оригинал. Има само мал ер ь. Нема траги од Ефтимиевата реформа.

Водени знаци: N/A

Орнаментика: Многу скромна, но и карактеристична. Зачувани се две знаменца на почетокот на Марковото евангелие на л. 39 и на почетокот од Евангелието од Лука на л. 69. Лента во која просторот меѓу црвените букви од насловот е исполнет со зелен боја - тип на старински македонски орнамент од XII - XIII век. Уметнички иницијали нема, но има црвени заоблени иницијали, понекогаш со скромни извивки, исто така типични за средината на XIV век.

Повез: Нема. Ракописот се чува во кутија покриена со платно.

Содржина: Четвороевангелие

Потекло: Врз основа на рефератот на проф. В. Мошин од 25 Мај 1968 година, кој го прегледал ракописот во Белград кај тогашниот сопственик Боривое М. Букчевиќ, НУБ „Св. Климент Охридски“ го откупи тој ракопис во Јуни 1968 година.

Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје