Хартија: 23 х 16 см., (со додадената хартија при конзервација, оригиналната хартија 16,5 х 10,5 см.); 3 оштетени листови. На л. 1 оштетена е десната страна. На л. 2 горната и десната страна и на л. 3 горната страна. Листовите служеле како пополнување на корица за печатена книга.

Писмо: По 18 реда. Полууставно писмо со форми карактеристични за XV и XVI век. Правописот е со силно влијание од ресавската школа, Ъ во предлозите и префиксите, а ь обично на крајот од зборот. Од интерпункцијата употребена е точка и запирка. Од надредните знаци се среќаваат акцентот и кендемата. Употребено е црно и црвено мастило.

Водени знаци: Не се запазени.

Орнаментика: На л. 2 голема буква „В“ орнаментирана со црни плетеници. На л. 1 и л. 3‛ иницијални поголеми букви „Г“ и „В“.

Повез: Нов.

Содржина: Фрагмент од псалтир.

Потекло: Фрагментот е најден во с. Зубовци - Гостиварско.

Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје