Хартија: 29 х 19,5 см.; 2 листа.

Писмо: По 27-30 реда во една колона. Писмото е полууставно. Српска рецензија, со форми и правопис од 16 век. Обично големиот ер е употребен во предлозите и префиксите, а малиот ер на крајот. Од надредните знаци употребени се акцентот, кандемата и паерок. Од интерпункцијата употребена е точката и запирката. Насловите и почетните букви се со црвено мастило, а останатиот текст со црно мастило.

Водени знаци: Не се запазени.

Орнаментика: Почетните букви се поголеми и иницијални.

Повез: Нов, од црно платно.

Содржина: Празничен минеј.

Потекло: Фрагментот е најден во с. Бешиште - Мариовско.

Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје