Хартија: 14,5 х 13 см., 1 лист. Долната половина од листот недостасува. Горната лева страна од листот е оштетена. Недостасуваат неколку букви од првиот до петтиот ред. Хартијата е дебела.

Писмо: Л. 1 има 20, а л.1‛, 11 реда. Убаво полууставно писмо во една колона од XVI век. Употребени се двата ера ,но без правило. Обично големиот ер се употребува во предлозите и префиксите, а малиот ер на крајот. Од надредните знаци се среќава акцентот и кендемите. Интерпункцијата е изразена со точка и две точки. Насловите и почетните букви се црвени.

Водени знаци: Нема.

Орнаментика: Нема.

Повез: Нема. Се чува во папка.

Содржина: Фрагмент од октоих (четврток наутро на глас четврти).

Потекло: Фрагментот е најден во црквата во с. Зубовце - Гостиварско. Во НУБ „Св. Климент Охридски“ на чување е донесен од Бранко Матоски.

Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје