Хартија: 31,5 х 22,2 см., 1 лист. Листот е конзервиран и реставриран во НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје во 1991 година.

Писмо: По 29 реда во две колони, убаво полууставно писмо со форми од XIV век. Едноеров правопис (само малиот ер), има случаи на вокализација ь (ъ) во o (любовию) и сл. Безјусова македонска редакција. Акцентот ретко се среќава. Од интерпункциските знаци употребена е точката. Почетните букви се поголеми и црвени.

Водени знаци: Нема.

Орнаментика: Нема.

Повез: Се чува во папка.

Содржина: Фрагмент од литургиски текст (содржи 8 и 9 песни од канонот).

Потекло: Фрагментот е најден во Охрид како подврзие на печатена книга.

Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје