Хартија: 20,5 х 29,5 см. (12,5 х 21 см. текст), 14 листови. Од л. 1 останата е само горната половина, а од л. 14 долната половина. Ракописот е конзервиран, реставриран и подрзан во 1980 година, во НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје.

Писмо: По 27 реда во полна страница, полууставно писмо - мешана македонско-српска редакција. Се среќаваат двата јуса. Во повеќето случаи големиот јус е преминат во ОУ. Се среќаваат двата ера без некое правило. Употребена е на неколку места и фонемата ѕ. Од надредните знаци се среќаваат три вида акцент (акут, графис и циркомфлекс). Се среќава поретко и кендемата. Употребено е црно и црвено мастило. Со црвено мастило се напишани насловите, зачалата и почетните букви, а останатиот текст е напишан со црно мастило.

Водени знаци: „Двоглав орел“.

Орнаментика: Нема.

Повез: Нов, платно и црн скај (подврзан во 1980 година).

Содржина: Фрагмент од евангелијата на Матеј и Марко

Потекло: Ракописот е најден во Историскиот архив во Битола, како подврзие на грчка книга од XIX век. На л. 10 и 14‛ се наоѓа печат од Осторискиот архив во Битола.

Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје