Хартија: 22,5 х 14,5 см., еден лист. Листот е оштетен на горната страна - недостасува парче.

Писмо: По 22 реда, во една колона, убав полуустав од втората половина на XV век. Македонска редакција, двоеров правопис. Носовките се мешаат, на пр. прїидошѫ, рекошѫ наместо прїидошѧ, рекошѧ и др. (аорис III л. мн.). Употребата на ѫ наместо ѧ се среќава и во јотирана позиција. На пр. моѫ наместо моѧ (акузатив мн.) и др. Се среќава и вдвојување на носовките пр. ꙗвльшѫѧ сѧ и др. Употребата на двата ера е без правило. Покрај губење на еровите во слаба позиција се среќава и вокализацијата на истите ъ>о, ь>е. Јотацијата не е систематска. Присутен е и африкатот ѕ пр. ѕвѣздѫ и др. Се среќава десетерично ї пред вокали. Акцентот е застапен но не редовно, се среќава и кендема. Од интерпункциските знаци употребена е точката и запирката. Упатствата и почетните букви се напишани со црвено мастило.

Водени знаци: На хартијата нема воден знак.

Орнаментика: Нема.

Повез: Нема.

Содржина: Фрагмент од четвороевангелие (од Матеј, глава 1, зачало 2 до зачало 3)

Потекло: Ракописот е најден во печатена книга од Дечанскиот манастир.

Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје