Хартија: 28,5 х 21,5 см., 2 конзервирани листови. Листовите се тешко оштетени. Недостасуваат повеќе делови, а од л. 2 целиот долен дел. Листовите се конзервирани и реставрирани во лабораторијата на НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје во 1993 година. Хартијата е од XIV век.

Писмо: Во две колони. На л. 1 зачувани се само 29 реда, а на л. 2 19 реда. Писмото е уставно од XIV век. Правописот е безјусов, едноеров, само ь и ї пред вокали, но недоследно. Акцентски знаци ретко се употребени. Интерпункцијата е со точка. Насловите и почетните букви се црвени.

Водени знаци: Не се запазени.

Орнаментика: На л. 1‛ голема иницијална буква „В“.

Повез: Нема. Се чува во папка.

Содржина: Фрагмент од триод - во недела наутро, песна 6.

Потекло: Ракописот е најден во Марковиот манастир кај Скопје, а на НУБ „Св. Климент Охридски“ го подари уметникот Ставре Аврамовски од Скопје.

Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје