Хартија: 24 х 17 см., I + 152 + I листови. Ракописот е целосен и добро сочуван. Постои и оригинална пагинација.

Писмо: Во една полуколона по 21 ред. Писмото е полууставно од современ тип. Јазикот е руско-црковно словенски. Употребено е црно и црвено мастило.

Водени знаци: „Три полумесечини“, иницијал „VC“ и „Грб со полумесечина“.

Орнаментика: Насловите на евангелијата со поголеми букви и со скромно иницијални почетни букви.

Повез: Оригинален, даски замотани во кожа. На предната корица има стилизирани рамки со билни елементи. На средината сув, длабок печат што претставува минијатура од распнувањето Христово. На задната страна целата корица е со стилизирани вертикални орнаменти. На рабната страна има пет украсни розети.

Содржина: Цветен триод Лазаревац.

Потекло: Ракописот е најден во с. Росоки - Дебарско.

Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје