Хартија: 18,5 х 13 см. 17 листови. Маргините скоро на сите листови се подјадени од црвојадини.

Писмо: Различен број на редови од 20-22, обично се по 22 реда на страница во еден столбец. Писмото е полууставно со уставни елементи од крајот на XV век. ѣ е со високо стебло, има и два вида на т (троного Т и постаро т), ж е напишано со три потези, се употтребува две форми на е (широко и обично) и ѡ со ниска средина. Редакцијата е српска, од Ресавската правописна школа. Се употребуваат двата ера. Големиот ер обично се употребува во предлозите и префиксите, а малиот ер на крајот од зборот. Се употребува десетерично ï пред вокалите. Од надредните знаци се среќаваат акцентоти и кеидемата. Од интерпукциските знаци се употребува точката, две точки и поретко запирката. Насловите и почетните букви се напишани со црвено мастило, а останатиот текст со темно кафеаво мастило.

Водени знаци: На местото кадешто се наоѓа водениот знак, хартијата е исечена така што останати се само фрагменти од водениот знак од кои може да се види дека водениот знак е „сидро во круг“ од крајот на XV или почетокот на XVI век.

Орнаментика: Почетните букви се црвени и поголеми, некои од нив се скромно иницијални.

Повез: Нов, картон завиткан во кожа.

Содржина: Акатист на Пресвета Богородица.

Потекло: Ракописот е најден во с. Клепач - Прилепско.

Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје