Хартија: 22,5 х 15,5 см. 111 + I лист. Има стара фолијација. Л. 107, 108‛, 111 и I се неиспишани. Последниот лист т.е. л. I. е од друга хартија додаден при подврзувањето. Л. 108 е искинат од долната страна.

Писмо: Различен број на редови од 14 до 20, полуустав од црковно-словенски печатен тип. Јазикот е руско-црковно-словенски. Употребено е само црно мастило.

Водени знаци: „Полумесечина“, иницијал „МА“. На додадениот лист I при подврзувањето има фрагмент од воден знак.

Орнаментика: Нема.

Повез: Кафеава кожа. На ‛рбетот има 5 ребра. Кожата не е орнаментирана.

Содржина: Акатист на Свети Јован Претеча и Патерик - Отечник.

Потекло: Ракописот е најден во Берово.

Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје